redmi-3

Кај нас веќе добро познатиот Xiaomi, во Кина лансира нов модел на телефон, кој носи исклучително добри перформанси, огромна батерија, солидни камери и сето тоа по цена по која кај нас може да се купи само телефон со помал дисплеј и прилично слаби перформанси.

Однадвор, дизајнот можеби потсетува на iPhone, но во задниот дел има посебна шема со баклави, која е веројатно доволна за да го дистанцира од неколку пати поскапиот конкурент. Телото е инаку изработено од алуминиум, што секако не е нешто што се очекува од еден толку евтин смартфон.

Дисплејот има големина од 5 инчи и HD резолуција, што е прилично стандардно во средната класа, но за разлика од конкурентите со иста цена, тука пикселите ќе ги движи прилично моќен Snapdragon 616 процесор со осум јадра, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

xiaomi-redmi-3

Голем адут на Redmi 3 ќе биде и батеријата, која има капацитет од 4100 mAh и покрај тоа што телото има дебелина од само 8,5 милиметри. Со оглед на чипот, големината на дисплејот и оптимизациите во новиот MIUI OS на Xiaomi, батеријата би требала да издржи прилично долго време со едно полнење – сигурно до два дена.

Камерите се исто така импресивни за толку евтин уред – задната има 13 мегапиксели и f/2.0 бленда, додека предната има 5 мегапиксели и f/2.2 бленда, а и двете камери можат да снимаат Full HD видео.

Redmi-3-2-e1452485590980

Како и скоро секој модел од Кина и овој ќе има можност за две SIM картички (во тој случај едната го зазема местото на micro SD картичката).

Xiaomi Redmi 3 ќе биде претставен во Кина и засега ќе се продава само на тој пазар, по исклучително поволна цена од 107 долари. Доколку има интерес, Xiaomi е подготвен овој модел да го понуди и на другите пазари низ светот, но очекувајте тогаш цената делумно да се покачи.

Извор: The Next Web, Engadget, Android Central

Претходна статијаLenovo ќе го лансира првиот телефон кој ќе ја „чувствува“ 3D околината благодарение на Project Tango
Следна статијаLG претстави OLED дисплеј тенок колку хартија, кој може и да се витка како весник