213617qzuuefru00p4nifi-jpg-thumb_

Последниве неколку години Xiaomi дефинитивно има најдобра понуда во ниската и средната класа – нивните Redmi уреди нудат прилично високи перформанси, квалитетна изработка и се продаваат по многу ниска цена. Најновата четврта генерација на Redmi телефоните доаѓа во три изведби, кои се слични однадвор но имаат различни перформанси и спецификации.

Redmi 4A е најевтиниот телефон во понудата, со цена од само 700 долари во Кина, која делумно би се покачила кога ќе пристигне на нашиот пазар. За тие пари купувачот добива телефон со 5 инчен дисплеј со HD резолуција, Snapdragon 425 процесор со четири јадра помогнат од 2 GB рам меморија и 64 GB простор. Камерите имаат 13 односно 5 мегапиксели, додека батеријата има прилично голем капацитет од 3.120 mAh.

gsmarena_001

„Нормалниот“ Redmi 4 е нешто помоќен телефон – има Snapdragon 430 процесор и огромна батерија од 4.100 mAh, која со оглед на другите компоненти би можела без проблем да издржи и два дена со едно полнење. Redmi 4 има и читач за отпечатоци на прстите во задниот дел а останатите спецификации се исти со моделот 4A. Цената на Redmi 4 изнесува 100 долари во Кина.

gsmarena_004

Вистински наследник на Redmi 3 сепак е веројатно Redmi 4 Prime моделот, кој има Snapdragon 625 процесор (Redmi 3 има Snapdragon 616) помогнат од 3 GB рам и 32 GB простор и 5 инчен дисплеј со поголема, Full HD резолуција. Останатите детали се исти како и кај другите два модели, а цената на Redmi 4 Prime изнесува 130 долари, што повторно е исклучително поволно за телефон со такви перформанси.

214555oll88iut2ul8lawh-jpg-thumb_

Трите нови Redmi модели доаѓаат со вграден Android Marshmallow, што и не е така лоша вест во оваа класа, бидејќи многу од телефоните од високите класи сѐ уште ја немаат најновата Android Nougat надградба.

Како и со сите Redmi модели досега и овие треба да ги очекуваме да пристигнат на нашиот пазар, се надевам до крајот на оваа година.

Извор: Android Authority, GSM Arena, NDTV

Претходна статијаКако да создадеме АИ која нема да не уништи?
Следна статијаКако секој телевизор да го направите паметен со neoTV