xiaomi-mi5-9-630x630

Последниве две години, сведоци сме на интересен развој на пазарот за паметни телефони – некои нови функционалности и технологии кои Apple и Samsung ги најавуваат за идните генерации, многу порано пристигнуваат кај кинеските производители. Така, штотуку најавивме дека iPhone 8 ќе има “Home” копче во самиот дисплеј со вграден читач за отпечатоци, но нив изгледа ќе ги престигне Xiaomi, кој оваа технологија ќе ја донесе во знаменосецот Mi 5s.

Mi 5s ќе биде своевидно освежување на Mi 5 од оваа година, но ќе донесе доволно големи подобрувања за да може да го наречеме целосно нов модел. Имено, покрај тоа што читачот за отпечатоци на прстите ќе биде вграден во самиот дисплеј, телефонот ќе има и подобри внатрешни компоненти.

xiaomi-mi-5s-leak-630x471

Имено, ова ќе биде еден од првите телефони со помоќниот Snapdragon 821 чип на Qualcomm, придружен од 6 GB рам меморија и масивни 256 GB простор, веројатно достапни само во најмоќниот модел. Дисплејот пак ќе има големина од 5,15 инчи и веројатно само Full HD резолуција, што би требало да е доволно на оваа големина. Батеријата пак најверојатно ќе има масивни 3.490 mAh, додека задната камера ќе има 16 мегапиксели.

Но, да се навратиме на најинтересниот дел, а тоа е читачот за отпечатоци. Тој ќе биде вграден под стаклото и нема да биде видлив, односно веројатно ќе има дел во софтверот кој ќе означува каде да го поставите прстот. Технологијата е инаку базирана на Qualcomm Snapdragon Sense ID, а се работи за 3D скенер кој може да вчита отпечаток со помош на ултразвук.

gsmarena_001

Xiaomi Mi 5s ќе пристигне веќе наредната недела и може да биде голем трн во окото на паметните телефони од високата класа на Apple и Samsung, особено што се очекува цената да биде многу пониска од нивните натпреварувачи.

Извор: Techno Buffalo, NDTV, GSM Arena

Претходна статијаSkype Preview отсега ќе овозможи праќање SMS преку Windows 10 компјутер, во моментов само за Insider корисници
Следна статијаЖелбата да го престигнат iPhone 7 донесе проблеми со батеријата кај Samsung Galaxy Note 7