tesco-connect-970-80

Скоро сите компјутери, лаптопи и таблети кои имаат Windows 7 или 8.1, можат без проблем да се надградат на новата 10-ка, што значи дека можете уште сега да си купите таков и да не бидете загрижени дека нема да го имате најновиот оперативен систем. Сепак, за оние кои сакаат уште од продавница да го имаат најдоброто, еве го и првиот Windows 10 таблет, настрана од Surface серијата на Microsoft.

Tesco Connect ќе се продава во Велика Британија и чини само 99 фунти. Се работи за таблет кој не е нов модел, туку само верзија на Linx 8 со вграден Windows 10. Спецификациите не му се многу силна страна и можеме да замислиме дека корисниците би имале проблеми со перформансите, особено поради количината на рам меморија, која изнесува само 1 GB. Исто така, батеријата трае максимум 4 часа со едно полнење, што е загрижувачки малку.

Процесорот е инаку веќе добро познатиот Atom Z3735G, кој има четири јадра и прилично добро се снаоѓа во Windows, но, повторно, проблемот веројатно ќе биде рам меморијата. Големината на таблетот е инаку 8 инчи во дијагонала, што е минимумот за Windows 10, со резолуција од слаби 1280х800 пиксели.

Исто така, капацитетот на просторот за складирање податоци од само 32 GB може да биде проблем, иако Windows 10 Home, за разлика од својот претходник, има можност за компресирање и зафаќа значително помалку простор. Секако, има и простор за micro SD картичка, за оние на кои им треба повеќе простор.

За цената по која се нуди, веројатно може да му се простат малку послабите спецификации на овој таблет, но никако и недостатокот на Microsoft Office, кој во таблетите со 8.1 доаѓаше бесплатно. Ова е можеби нова стратегија на Microsoft, но може и да е до Tesco, кој не успеал да постигне договор со софтверскиот гигант.

Овој Windows 10 таблет со сигурност нема да биде достапен и кај нас, што е можеби и добра вест, но очекувајте многу слични модели на него од Кина, кои може да бидат дури и поевтини, со уште подобри спецификации и перформанси.

Извор: Tech Radar, Neowin

Претходна статијаАвтентично кубанско доживување во Македонија – „ХОЛА ОХРИД“
Следна статијаSamsung го објави најголемиот SSD диск со капацитет од 16 TB!