P1090270-1

SSD дисковите полека но сигурно се шират на пазарот, пред се благодарение на многу подобрите перформанси во однос на HDD дисковите. Сепак, и покрај тоа што се побрзи, SSD се уште заостануваат во капацитетот. Се досега, со лансирањето на новиот SSD диск на Samsung, кој има 16 TB во тело од само 2,5’’, што го прави најголемиот диск, воопшто.

Корејскиот производител е моментално водечки во светот на овие дискови и тоа најдобро го покажа токму со овој производ. А за да го постигне таквиот капацитет, Samsung конструираше диск со 48 NAND слоеви со 256 Gbit капацитет, поставени вертикално. Вкупно, сите NAND чипови придонесуваат за скоро 16 TB капацитет на целиот диск, што го прави најголем во светот.

Но, покрај најголемиот капацитет, овој диск е и најбрзиот во светот, со можност за трансфер на еден милион IOPS. Дискот има и вграден процесор во него, кој ќе овозможи локално процесирање на податоците, што дополнително ги зголемува перформансите на вчитување и впишување на податоците. Samsung работи и на специјален API, кој ќе ја зголеми употребливоста на овие процесори.

Иако овој диск е претставен пред се за Samsung да ја покаже својата сила во овој сегмент, а пред најголемите конкуренти, како Intel и Toshiba, ваквата технологија со сигурност ќе донесе поголеми капацитети и пониска цена и кај SSD дисковите за домашна употреба, што е нешто што го очекуваме веќе подолго време.

Извор: ZDNet, ARS Technica

Претходна статијаПрвиот таблет со Windows 10 чини само 99 фунти, но има многу лоши спецификации
Следна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 820, донесува големи подобрувања во однос на 810