surface-wp2-11-e1438158350548

Иако сега за сега Windows како мобилна платформа не е нешто посебно популарна кај корисниците, информациите за претставување на Surface Phone привлекува многу повеќе внимание.

Причината за тоа е успешноста на Surface линијата на производи, засега составена од лаптоп и таблет компјутер, кои се карактеризираат со одлична изработка и дизајн. Истиот тим се верува дека е задолжен за дизајнирање и развој на Surface телефонот, па се очекува и тој уред да биде направен како останатите уреди, а надежите се дека ќе го има и сличниот успех.

Дека се работи на развој на овој телефон е скоро сигурно. Премногу информации имаат излезено изминатиот период за да се покажат како погрешни, а можно е само откажување на плановите.

Последната информација го ставаше претставувањето на Surface Phone за втората половина од оваа година, меѓутоа според извори на Windows Central, плановите се одложени, па доколку се случи вакво претставување, треба да го очекуваме за почетокот на 2017.

Windows Central исто така најавуваат дека телефонот ќе дојде во три различни варијанти, а со тоа и три различни целни групи на корисници, односно за обични корисници, за бизнис корисниците и ентузијастите.

Како причини за одложување на и така неофицијалниот телефон се наведуваат дополнителното довршување и „пеглање“ на оперативниот систем, како и претставувањето на нови чипови од Intel.

Се чини тешко дека Microsoft или било кој друг ќе успее да направи нешто да ги загрози позициите на Andorid и iOS, но пазарен удел од над 5% би бил доволно добар за да го задржи Windows како доволно сериозна алтернативна платформа, ако не за сите, барем за бизнисите и ентузијастите.

Извор: Windows Central, VB

Претходна статијаАлуминиумскиот Meizu m3 note има солидни спецификации, голема батерија и екстремно ниска цена
Следна статијаVivo V3 и V3 Max се телефони од средната кои изгледаат како од повисоката
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.