lg-g3-f

Откако LG G4 беше најавен како еден од првите телефони кои што не се Nexus кој што ќе ја добие најновата верзија од Android оперативниот систем, 6.0 Marshmallow, излегоа и информации за неговиот претходник.

LG G3 неофицијално се најавуваше дека треба да почне да ја добива надградбата некаде од 16-ти до 18-ти декември. Од компанијата во текот на вчерашниот ден го објавија изворниот код за овој телефон, поточно неговата интернационална отклучена верзија LG G3 D855, па може да се заклучи дека развојот и тестирањата на оперативниот систем се завршени.

Официјални информации од LG за тоа кога корисниците на овој телефон може да очекуваат да ја добијат надградбата нема, но шансите тоа да биде во рамките на шпекулираниот период, односно пред нова година, се добри.

Корисниците на LG G4 во одредени земји веќе ја добиваат надградбата, а истата започна во Полска, нешто што е практика на компанијата при пуштање на надградбите.

Добро е што производителите на телефони почнуваат многу побрзо да пуштаат надградби за своите модели на најновата верзија од Android. Ова веќе одамна претставува голем проблем за корисниците, а посебно за тие кои што се интересираат и ги следат случувањата во технологијата.

Овој проблем се пренесува и на целиот оперативен систем, со постоење на огромен број на уреди кои што работат скоро на сите можни верзии од Android, што сигурно претставува проблем за програмерите.

Доколку сте корисник на некој од овие две модели, LG G3 или G4 и почнете да ја добивате надградбата, можете да ни пишете за подобро да ги информираме и останатите корисници.

Извор: Ubergizmo, AH, PhonesReview

Претходна статијаLG претстави пет нови монитори со USB Type-C интерфејс
Следна статијаДостапна Windows Insider Preview верзијата 11082, прва во серијата на новите надградби
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.