windows-10-11082

Од оваа недела корисниците на Insider Preview верзиите на Windows 10, можат да инсталираат нова верзија од оперативниот систем наменета за тестирање. Ова е првата верзија по излегувањето на 10586, која што по тестирањата беше пуштена за сите корисници како Windows 10 1511 или ноемвриска надградба.

Windows 10 Insider Preview build 11082 е и првата верзија во серијата на верзии кои што ќе следат, а кои што ќе завршат во финалната нарекувана Redstone. Оваа верзија се очекува да им биде пуштена на корисниците најрано од идното лето, а можна е и поделба во две надградби, летото, па потоа во есен.

Оваа верзија е достапна за корисниците на Fast Ring, односно корисниците кои што се имаат приклучено на побрзиот круг за надградби. Може да се инсталира како и сите досегашни, односно преку Windows Update функцијата на оперативниот систем.

Инаку, оваа верзија не донесува ништо ново од аспект на нови функции, а истото е оставено за од јануари, па натаму. Она што е вклучено во верзијата се исправки на багови и грешки добиени од корисниците до досегашната верзија, а има и стандардно неколку проблеми со кои што може да се соочат корисниците. Овие можни проблеми отсега ќе бидат објавувани во Insider Hub, наместо преку блог.

Од компанијата најавуваат дека од јануари, корисниците кои што се дел од брзиот круг, ќе добиваат почести надградби, како што и повеќето корисници бараа. Тие што до сега биле на брзиот круг и не би сакале да добиваат почести надградби, кои што ќе имаат и повеќе багови, се препорачува да се приклучат на бавниот круг.

Преку блогот каде што Гејб Аул ја најавува оваа верзија, се истакнува и дека во неа се прават доста промени во OneCore, систем кој што го делат сите верзии од Windows 10, односно на десктоп, лаптоп, таблет компјутерите, како и на мобилните, Интернет на нештата уредите, Xbox и HoloLens.

Промените се суштински и треба да ја подобрат компатибилноста помеѓу уредите и да им олеснат на програмерите да ги развиваат нивните апликации за сите можни уреди.

Redstone надградбата се очекува да биде доволно голема да доколку Windows 10 не беше најавен како последниот Windows, можеби и ќе го носеше името Windows 11. Сите досега побарани, а најавени функции, како и доста нови, ќе бидат вклучени дури во таа верзија.

Повеќе информации за какви ќе бидат новите функции, иако има неофицијално, ќе почнат да излегуваат од нова година, па натаму.

Извор: Microsoft, Neowin

Претходна статијаСе очекува надградбата на Android 6.0 за интернационалната верзија на LG G3
Следна статијаAsus го претстави ZenFone Zoom, најтенкиот смартфон со оптички зум на камерата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.