Samsung-Introduces-Galaxy-A7-for-a-Seamless-Social-Experience

Samsung ја претстави Galaxy A серијата на крајот од Октомври минатата година наменета за помладата генерација. Серијата до сега беше составена од два модели, односно Galaxy A3 и A5, уреди од средната класа кои што се продаваат по цени кои што се многу поприфатливи од главните и скапи модели како S5.

Она што е карактеристично за телефоните од серијата е тоа што тие се направени со целосно метално тело, односно не ја вклучуваат долго критикуваната пластика која што ја користат од компанијата. Кај другите модели Samsung воведува метална рамка, која што сепак остава доста подобар впечаток за разлика од претходните модели.

Денеска Samsung го претстави третиот и најдобар во серијата модел Galaxy A7. Тој останува во рамките на другите модели, односно и тој е во средната класа на уреди кои што вклучуваат нешто послаби карактеристики од најдобрите модели.

Дека од компанијата треба да го претстават овој модел, како и тоа што може да се очекува од него, можевме да прочитаме на почетокот од месецот. Како и обично, во главно карактеристиките кои што беа шпекулирани, се вистинските со кои што доаѓа овој модел.

SM-A700FSS_007_Dynamic1_Black

Samsung Galaxy A7 доаѓа со 5,5 инчен Super AMOLED екран со HD резолуција, која што можеби делува како послаба за ова време, меѓутоа сепак се работи за уред од средната класа. Како што беше најавено, A7 е еден од најтенките уреди од компанијата и доаѓа со дебелина од само 6,3 милиметри.

Galaxy A7 ќе работи на Snapdragon 615 чипсетот кој што ќе вклучува осум јадрен 64-битен процесор со четири јадра на 1,5 GHz и четиру на 1 GHz. Телефонот ќе дојде и во варијанта која што ќе работи на 32-битниот Exynos 5430 чипсет кој што исто така ќе вклучува осум јадрен процесор.

Меморијата на уредот ќе вклучува 2GB RAM, како и 16GB внатрешна меморија за складирање на податоци со можност за проширување со SD картица до 64GB. Батеријата е со капацитет од 2,300 mAh.

Наменет за помладата генерација, A7 ќе вклучува 13 мегапикселна задна главна камера, како и предна камера со 5 мегапиксели кои што овозможуваат квалитетни selfie слики. Како и кај другите модели од оваа класа, предната камера е со широкоаголни леќи, а софтверот овозможува посебни функции за сликање на selfie сликите.

Телефонот треба да почне да се продава во првата половина од оваа година, меѓутоа точното време, како и цената не се уште одредени. Се очекува да биде некаде во категоријата од околу 400 долари.

Извор: Samsung, Ubergizmo

Претходна статијаХарисон Бержерон, Курт В. Јуниор: воведна белешка
Следна статијаИднината на човекот е во неговите умствени капацитети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.