Galaxy-A5-Lifestyle-8

Samsung денеска претстави нова серија од познатите Galaxy модели, овој пат наменета за помладите корисници. Најавени како најтенките Samsung телефони досега, Galaxy A3 и A5 доаѓаат со целосно метално тело и дебелина од 6,7 и 6,9 милиметри. Чисто за споредба, новиот iPhone 6 кој што е претставен како еден од најтенките паметни телефони на пазарот доаѓа со дебелина од 6,9 милиметри, додека исто така новиот Oppo R5 е најтенок со 4,85 милиметри.

Поради тоа што овие два модели се наменети за помладата генерација, се очекува да бидат со нешто пониска цена од таа на најдобрите модели, па соодветно доаѓаат со средни компоненти. Сепак малата дебелина, а посебно целосно металното тело е нешто што корисниците одамна го сакаат за најдобри модели кои што се’ уште се прават од пластика во поголемиот дел.

SM-A300F_007_Dynamic_Silver

Galaxy А3 и A5 работат на истиот процесор, односно на Qualcomm Snapdragon 410 чипсетот кој што го вклучува Quad-core 1.2 GHz Cortex-A53 процесорот и Adreno 306 графичкиот процесор. Послабиот A3 доаѓа со 1GB RAM меморија, додека подобриот A5 со 2 GB. Двата модели вклучуваат 16GB внатрешна меморија за складирање и поддршка за microSD картички до 64GB.

Galaxy A3 доаѓа со 4,5 инчен Super AMOLED qHD екран со резолуција од 960 x 540 пиксели и нивна густина од 245 ppi. A5 моделот вклучува 5 инчен исто така Super AMOLED екран, но со поголема HD резолуција со 1280 x 720 пиксели и нивна густина од 294 ppi.

Како и сите денешни паметни телефони наменети за помладите, A серијата на Samsung е спремна за сликање на добри селфи слики преку вклучување на 5 мегапикселни предни камери кај двата модели. Телефоните доаѓаат и со додатни функции за сликање на селфи кои што вклучуваат широки селфи слики, селфи сликање со раката, анимирани GIF слики, ефекти за сликите и слично.

A5_009_Set_White

Предните камери на двата модели се 13, односно 8 мегапиксели соодветно. Батериите се со капацитет од 2.300 mAh кај A5 и 1.900 кај А3 моделот. Двата модели доаѓаат со LTE поддршка, како и веќе стандардните сензори како акцелерометар, жироскоп и слично.

Samsung Galaxy A моделите на почеток ќе ги продава во Кина, а достапноста во остатокот од светот уште не е позната.

Извор: Engadget, Ubergizmo, Samsung

Претходна статијаСамсунг ќе произведува монитори со 27-инчен заоблен екран
Следна статијаMicrosoft претстави нова верзија од Outlook за Mac за корисниците на Office 365
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.