phpaytutj

За оние кои сакаат супериорен и луксузен дизајн, но не се особено загрижени за перформансите на телефонот или пак немаат претерано длабок џеб, Galaxy A серијата на Samsung е вистинското решение. Новите два Galaxy A3 и A5 модели го донесуваат дизајнот од знаменосецот Galaxy S7 во средната класа, внесувајќи свежина во сегментот каде владеат пластичните телефони.

Сепак, нека не ве лаже изгледот – перформансите не се на нивото на S7. Поголемиот 5,2 инчен Galaxy A5 има Full HD AMOLED дисплеј и процесор со осум јадра на 1,6 GHz, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка до 128 GB. Капацитетот на батеријата е 2.900 mAh, но за разлика од повеќето модели од средната класа, оваа не може лесно да се отстрани.

Galaxy-A5-2016-970-80

Помалиот 4,7 инчен Galaxy A3 пак има HD AMOLED дисплеј и процесор со четири јадра на 1,5 GHz, помогнат од 1,5 GB рам и 16 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка до 128 GB. Капацитетот на батеријата на помалиот модел е 2.300 mAh и исто така ниту тука батеријата не може лесно да се отстрани.

И двата модели имаат подеднакви камери – предна со 13 мегапиксели и задна со 5 мегапиксели. И двете камери имаат бленда од f1.9, која би требала да помогне за вечерни фотографии со многу помалку шум и поголема острина.

Samsung-Galaxy-A3-2016-650-80

Samsung Galaxy A3 и A5 ќе бидат достапни во црна, бела и златна боја, а ќе чинат 179, односно 229 фунти во В. Британија, што ги прави прилично скапи со оглед на понудените перформанси, но далеку поевтини од Galaxy S7 со кои случајните минувачи лесно може да ги погрешат.

Извор: TechRadar, Pocket-Lint, Trusted Reviews

Претходна статијаШто претставува анти-меморија ?
Следна статијаИднината ве предизвикува: SEDC најавува Challenge day за целосна стипендија за следната академска година