iphone-7-rose-gold

Досега се изнагледавме слики и видеа од iPhone 7 модели без внатрешни компоненти, во кои научивме скоро се за новиот паметен телефон на Apple. На ова видео може да се види телефонот и во акција и конечно да се потврди дека телефонот дефинитивно ќе нема 3,5 mm излез за слушалки.

Видеото протече од кинескиот сервис за поправка на телефони GeekBar и на него може да се види новиот iPhone 7 во целосно светло. Сликата сепак е прилично матна, како што секогаш бива кај протечените телефони (и други уреди), па не очекувајте дека ќе можете да го видите уредот во добро светло.

Ова особено важи за камерата, која е исто така во акција на видеото и за која нема да може да донесеме заклучок додека не ги видиме фотографиите до нашите очи. Како и да е, благодарение на поголемиот сензор, се очекуваат значителни подобрувања во квалитетот на фотографиите, особено кај iPhone 7 Plus моделот, кој ќе има две камери во задниот дел, кои веројатно ќе овозможуваат своевиден оптички зум.

Од видеото може да се потврди и дека iPhone 7 ќе има два стерео звучници во долниот дел и антени кои нема да го сечат задниот дел, туку ќе бидат поставени на работ од телефонот со цел униформен дизајн. Исто така, отсега со iPhone ќе мора да користите адаптер за постарите 3,5 mm слушалки или да купите нови со Lightning порта, односно безжични Bluetooth.

Извор: MacRumors, Techno Buffalo, BGR

Претходна статијаXiaomi лансира свој VR уред кој ќе работи со нивните паметни телефони
Следна статијаZTE ќе развива нов смартфон со помош од купувачите