Surface-Dock

Таблетите, иако имаа неколку години исклучителна популарност, се скоро мртва форма на пренослива технологија, бидејќи не прават ништо повеќе од нашите големи паметни телефони, а многу помалку од нашите лаптопи. Сепак, спасот на таблетите е во „2 во 1“ формата, која го нуди најдоброто од двата света – преносливоста на таблетите и функционалноста на лаптопите.

Затоа, според IDC, токму Windows 10 „2 во 1“ уредите ќе бидат заслужни за покачување на продажбата на таблети, иако нивниот удел на пазарот е сѐ уште мал. На пример, минатата година тие имале само 8,6% учество на пазарот, за разлика од 23,9% за iOS и 67,4% за Android. За оваа година IDC предвидува дека Windows 10 уредите ќе имаат учество од 11,3%, додека тој процент до 2020 година ќе се искачи на 19,3%.

Во бројки, годинава ќе се продадат само 183,4 милиони таблети, што е најниска продажба во последните неколку години, но според IDC тие повторно ќе се искачат во 2020 година на 194,2 милиони уреди.

Со тоа учество на пазарот, Windows 10 и натаму ќе биде на третото место зад Android и iOS, но разликата е тоа што Windows уредите се обично (многу) поскапи од таблетите со Android и поскапи дури и од iPad, што ја зголемува профитабилноста.

Токму ова ги прави многу интересни за производителите на хардвер, кои ќе имаат многу поголем интерес во развој на Windows „2 во 1“, отколку на Android таблет. Затоа, Google и Apple веќе вложуваат големи напорни во оптимизирањето на нивните Android и iOS оперативни системи за работа со тастатура, со што тие подобро би се натпреварувале на пазарот на „2 во 1“ уреди со Windows.

Извор: ZDNet, ARC, MS Power User

Претходна статијаGoogle Chrome 53 го донесе материјалниот дизајн кај овој познат прелистувач
Следна статијаWizz дистигна 1 милион Wizz Discount Club членови и слави со 20% попуст на сите резервации направени денес