Lumix-CM1

Јапонскиот произведувач на камери и др. уреди се придружи на Samsung и Sony во трката за најимпресивен камера-телефон на пазарот. Уредот наречен Lumix DMC-CM1 има 20 мегапикселна камера со леќи Leica DC Elmarit f/2.8.

Хибридот доаѓа со механичкa бленда и мануелни контроли, а софтверски е поткрепен од погонот наречен Venus кој вообичаено е вграден во останатите камери Lumix.

Ова е своевиден втор обид на Panasonic да пушти во продажба паметен уред. Претходно тоа беа паметните телефони од серијата Eluga кои се покажаа како неуспешни на пазарот. Овојпат компанијата се враќа со подобро исполиран концепт кој треба да претставува директна закана на Samsung.

Lumix-CM1-2

Интересно е што уредот Lumix CM1 поддржува видео-снимање во 4К, нешто што може да се види во многу паметни телефони од високата класа како што се Sony Xperia Z3, Samsung Galaxy S5 и втората генерација на Moto X.

Како и противниците во истата класа, особено линијата на паметни камери на Samsung, овој уред не доаѓа со слаби спецификации. Lumix DMC-CM1 работи на Android 4.4 KitKat, има четиријадрен процесор Snapdragon 801 и 2 гигабајти RAM.

Големината на уредот кој чини 900 долари во споредба со Samsung е доста помала (тежина од 204 грама и дебелина од 21 мм). Наспроти ова, 4,7 инчниот Full HD екран со 1080 на 1920 пиксели го прави достоен противник. Во себе содржи 16 гигабајти вградена меморија која може да се надогради со 128 гигабајти преку картичка microSD.

https://www.youtube.com/watch?v=fJiJfGY_tLA

Извор: TechCrunch

Претходна статијаDARPA тестира ласери како оружје на борбени авиони
Следна статијаТелефон со Firefox OS достапен во Македонија