Американската агенција за напредно одбранбено истражување DARPA во соработка со технолошката компанија за воздухопловство и безбедност Lockheed Martin, во партнерство со универзитетот Notre Dame тестира ласери како оружје на борбени авиони.
Главната цел на програмата HELLADS како што ја нарекуваат од DARPA е да се развие 150 киловатен ласерски систем кој ќе биде 10 пати помал и пефикасен од денешните ласери со слична моќност.
Со ова тие сакаат да му озовможат на военото летало да се одбрани или порази закани на земјата. Системот тежи 5 килограми по киловат, а масата на целиот ласерски систем е три кубни метри.
Со HELLADS засегнатите страни сакаат да овозможат интегрирање на високоенергетски ласери во тактичките летала и со тоа значително да ги зголемат ефективните далечини на дострел во споредба со ракетните системи што се позиционирани на земјата.
Сето ова е дел од програмата Excalibur, исто така на DARPA, чиј контиуниран труд е токму да овозможи ласерските оружја да бидат до 10 пати помали од досегашните.
Овие моќни ласери можат да пукаат кон непријатлеското летало или ракети во радиус од 360 степени, што значи дека речиси ништо нема да може да му избега од вид на тактичкото летало опремено со ова ново оружје.