Компанијата со интересното името, Nothing, на еден од основачите на познатата кинеска компанија OnePlus, се очекува наскоро да го претстави својот прв смартфон, кој очекувано ќе работи на Android.

Иако јасно беше дека оваа година може да се очекува смартфон од Nothing, сепак најавата од Карл Пеи, основачот на Nothing, доаѓа како сигурна потврда на плановите на компанијата.

Тој не кажува многу во најавата, а може слободно да се каже дека не е директна потврда за претставување на смартфон. Сепак, одговорите на неговата Twitter објава покажуваат дека сепак се работи за Android смартфон, а во дискусијата се вклучуваат и од Qualcomm, кои договорија соработка со Nothing минатата година.

Во кој правец може да ни бидат очекувањата покажува и купувањето на Essential брендот од страна на Nothing. Essential почна доста оптимистички и претстави неколку уникатни телефони, меѓутоа не успеа да се пробие на пазарот, па престана со работа. Оваа компанија беше основана од страна на креаторот на Android, а беше и првата која претстави смартфон со исечок на екранот за камерата.

Според некои, треба да се очекува уникатен дизајн од страна на првиот смартфон од Nothing, со проѕирни делови како што беше случајот со првиот производ од компанијата, Ear (1) слушалките.

ИЗВОРDigital Trends
Претходна статијаФИТ ЗОНА за спортските ентузијасти: Забавна и едукативна сабота во Ист Гејт Мол
Следна статијаFoxconn има започнато со тест производство на iPhone 14 со промени во дизајнот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.