Двојна предна камера на паметен телефон не е ништо ново. Всушност, ние веќе имавме можност подолго да тестираме еден таков – Lenovo Vibe S1 и бевме импресионирани од селфијата кои може да ги продуцира. Сега, кинескиот гигант Oppo спрема еден таков смартфон, кој според нивната најава ќе биде „селфи експерт“

Се работи за моделот Oppo F3 Plus, кој ќе има главна предна камера со 16 мегапиксели и помошна со 8 мегапиксели. Двете камери заедно ќе се користат веројатно за одделување на субјектот од позадината, во таканаречен “bokeh” ефект, но според маркетинг материјалите на Oppo, едната камера ќе биде и поширока за групни селфија.

Повеќе информации за овој смартфон нема, но со оглед на тоа што ќе биде пред се насочен кон помладата популација, очекувајте да има чип од средната класа и дисплеј со големина од околу 5,5 инчи и Full HD резолуција. Секако, како и со секој смартфон на Oppo досега, треба да очекуваме и ниска цена. Покрај F3 Plus ќе биде претставен и моделот F3, кој нема да има двојна селфи камера и веројатно ќе има помал дисплеј.

Oppo е инаку производител кој сака да се промовира токму со своите камера технологии – на MWC во Барселона тие претставија камера модул за смартфон кој има 5Х оптички зум, без да излегува надвор од телефонот. Сепак, оваа камера се уште е само прототип и нема најава за тоа во кој смартфон на производителот би се вградила.

Извор: Mashable, Android Central, GSM Arena

Претходна статијаViber Secret Chats ќе ви овозможи бришење на пораките по одредено време
Следна статијаОтворена 126-тата бензинска станица на Макпетрол АД