gsmarena_002

Веројатно најевтиниот телефон од високата класа, OnePlus 2, наскоро треба да го добие својот наследник, кој според последните информации, ќе има и верзија со 6 GB рам меморија и ќе чини околу 310 долари за основниот модел, што е за 20 долари пониско во однос на почетната цена кога беше лансиран претходникот.

Идејата зад OnePlus моделите е да понудат највисоки можни перформанси, исти како на телефоните од високите класи на Apple, Samsung, HTC и LG, но по скоро двојно пониска цена. Затоа, новиот модел ќе биде опремен со Snapdragon 820 процесор, кој е моментално најмоќниот во понудата на Qualcomm.

Во поглед на рам меморијата и просторот, понудени ќе бидат две изведби – една со 4 GB рам и 32 GB простор и друга со 6 GB рам и 64 GB простор. Основната цена од 310 долари веројатно ќе се однесува на почетниот модел, но и оној помоќниот не би требал да чини многу повеќе.

OnePlus 3 ќе има и ново “Dash Charge” брзо полнење на батеријата, но не е специфицирано колку брзо ќе ја полни батеријата, а споредено со Qualcomm QuickCharge 3.0.

Засега нема други информации за моделот, но проценка е дека дисплејот и натаму ќе има иста големина како досега, односно 5,5 инчи, веројатно со Quad HD резолуција. Камерата исто така би можело да биде подобрена – актуелниот модел има сензор со 13 мегапиксели и оптичка стабилизација.

Она што е карактеристика за сите модели на OnePlus е и прилично квалитетната изработка и употребата на луксузни материјали, па од тоа исклучок не би требало да биде ниту новиот модел.

Според информациите, OnePlus 3 официјално ќе биде претставен на 18 или 28 мај, што значи дека нема да помине многу време пред да ги дознаеме конечните спецификации.

Извор: GSMArena, TechnoBuffalo, Pocket-Lint

Претходна статијаHuawei ги претставува последните технолошки иновации на Huawei Road Show 2016
Следна статијаЕлон Маск сака да стигне до Марс за 2 години од сега