MW-EL495_mars04_20160427173339_ZH

Сите знаеме дека Елон Маск е лудо-амбициозен претприемач. За него знаеме дека сака да создаде човечки град на Марс, покрај реформацијата на човечкиот транспорт (и движењето кон електрични автомобили и супербрз јавен транспорт), осигурувањето на пријателска синтетичка интелигенција и други мегабитни проекти.

Дали можеме да се изненадиме од овој човек повеќе од што сме сега? Изгледа дека да. Имено, тој само што откри дека сака да стигне до Марс преку неговата SpaceX во следните две години т.е. во 2018-та!

Сепак, мора да се напомене дека мисли на стигнување со помош на едно од неговите Red Dragon 2 летала кои се наменети за вселенски летови и според Маск, се наменети да слетаат било каде во сончевиот систем. Летот до Марс ќе им биде тест, а нормално, на првиот лет ќе бидат без човечки екипаж.

Инаку леталата имаат внатрешен простор колку еден денешен SUV, што значи дека не се најудобните летала кои постојат во вселенската програма на човештвото. Спојте го летањето неколку месеци во такво летало со слетувањето на планета каде што нема ништо освен карпи, минусни температури и прашина – и станува нејасно зошто некој би го правел тоа – освен ако се работи за придонес кон напредокот на човештвото и науката, секако.

Од SpaceX имаат претпоставка дека таквата мисија може да се оствари дури во 2018-та година, што е навистина брзо и изненадувачки. Ние знаевме дека Маск сака да изгради мегаполис на Марс (и да владее како деспот со харем?) , но не и дека SpaceX толку бргу ќе бидат подготвени да ги остварат неговите планови.

Мисијата е замислена како соработка меѓу SpaceX и NASA, при што SpaceX ќе го даде влогот во пари и средства, а NASA ќе им овозможи пристап до информации и техничка поддршка, во што ќе влезе и пристап до Deep Space Network комуникациониот систем.

Напред Маск!

Дополнителни информации: INC, Market Watch, ABC News

 

Претходна статијаOnePlus 3 ќе има верзија со 6 GB рам и ќе почнува од само 310 долари?
Следна статијаОд утре започнува Job Fair 2016 – Шанса за запознавање на студентите и компаниите