Note 7 iris scanner Weibo-650-80

Samsung Galaxy Note 7 ќе биде првиот Android телефон со скенер за ирисот на окото, кој како и кај Lumia 950 и 950 XL, најверојатно ќе се користи за оние кои се загрижени за максимална заштита на својот уред, бидејќи ќе биде дефинитивно побавен во однос на скенерот за отпечатоци од прстите.

Всушност, од она што можеме да го видиме, скенерот тука ќе биде и помалку употреблив од Windows 10 Mobile конкуренцијата. Имено, за да го отклучи телефонот, корисникот ќе мора да ги позиционира очите во двата круга како на сликата, на 25-30 сантиметри оддалеченост од телефонот. Ова не делува како особено лесно и интуитивно – кај Lumia 950 барем не мора да бидете претерано прецизни и да ги позиционирате очите во некои кругови…

Навистина, ќе беше подобро Samsung да вградеше некоја понова верзија на скенерот на ирисот на окото, која ќе може да го отклучи телефонот дури и ако гледате во него од подалеку, односно од „незгоден“ агол. За среќа, за оние кои сакаат брзина и заштита, Samsung нема да го исфрли читачот за отпечатоци, па скенерот за ирисот на окото би можеле да го користат оние кои сакат двојна заштита, особено при онлајн плаќањата.

Note 7 Weibo-650-80

Ова ќе биде и еден од најголемите новитети во Note 7, покрај Edge дисплејот кој најверојатно ќе стане стандарден во моделите од високата класа на Samsung. Останатите спецификации се инаку очекувани – 5,7 инчен Quad HD Super AMOLED дисплеј, Snapdragon 821, 6 GB рам, 64 GB простор со micro SD и 12+5 мегапиксели камери.

Извор: TechRadar, Android Authority, PhoneArena

Претходна статијаДржавен удар во Турција – блокирани Facebook, Twitter и YouTube
Следна статијаWindows 10 нема да стигне до една милијарда корисници навреме