1219
Фото: The Guardian

Пред нешто помалку од еден час почнаа да излегуваат информации дека дел од турската војска организира преземање на власта во државата, односно дека во тек е извршување државен удар.

Властите во Анкара го потврдуваат ова, меѓутоа истакнуваат дека се работи за обид за државен удар и дека работите ќе бидат ставени во контрола.

Како и обично кога нешто се случува во Турција, блокирани се главните социјални мрежи кои во вакви ситуации се едни од главните извори на брзи информации за тоа што се случува. Социјалните мрежи овозможуваат обичните граѓани сликите и видеата кои ги имаат многу едноставно да ги објават онлајн, па сите останати да можеме многу подобро да добиеме претстава што се случува.

Во овој момент ситуацијата се’ уште е во тек, па сите информации кои се добиваат се само за тоа што се случува на терен, меѓутоа не е познато кој го организира сето ова, односно кој стои во позадина.

Исто така, се’ уште не е познато дали државниот удар е само во обид или ќе биде успешно извршен.

Од информациите коишто досега беа достапни, се истакнува присуство на војската во главниот град, тенкови кај аеродромот, надлетување на авиони, а има информации и за престрелки.

Извор: Mashable, TechCrunch, The Guardian

Претходна статијаАлгоритам може да ви ја процени интелигенцијата по Facebook сликите
Следна статијаНови слики од Galaxy Note 7 објаснуваат како ќе работи скенерот на ирисот на окото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.