Forbes

iPhone X е еден од најскапите телефони на пазарот на којшто единствено му конкурира Samsung со нивната Note серија. Почетната цена на X изнесува 999 долари, што за многу корисници сепак се покажа како премногу.

Веќе можевме да прочитаме дека Apple планира да ги унифицира сите свои модели во стилот на iPhone X, односно сите да бидат направено без скоро никаква рамка околу екранот и веќе познатиот исечок на горниот дел, кој со тек на време треба да се намалува додека целосно не биде отстранет.

Па така, за оваа година се најавуваат три нови модели. Втора генерација од минатогодишниот iPhone X, којшто можеби ќе биде наречен X 2, меѓутоа некако не ми се верува. Потоа, се најавува поголем модел наречен iPhone X Plus, како и 6,1 инчен модел, наследник на SE серијата.

Порталот BGR доаѓа со информација за ценовната политика на Apple која треба да ги направи овие модели нешто попривлечни за корисниците.

Втората генерација од iPhone X треба да ја задржи големината на екранот од 5,8 инчи, меѓутоа се најавува намалување на почетната цена на 899 долари. Оваа цена, со задржување на карактеристиките, односно нивна надградба, ќе го направи овој популарен модел подостапен за голема група на корисници.

Почетната цена од 999 долари ќе остане, меѓутоа во нов и поголем модел со екран од 6,5 инчи и име iPhone X Plus. Ова може да се каже дека е логичен потег, доколку се покажат информациите точни. Изборот на компанијата ќе се зголеми, а овој модел ќе може и подиректно да конкурира со Note 9.

Најниската цена ќе биде резервирана за третиот модел кој ќе биде нова генерација од SE серијата, која е позната по пониската цена. Овој модел се најавува дека ќе има 6,1 инчен екран, меѓутоа нема да биде OLED туку LED.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаRange Rover Velar прогласен за најубав автомобил на светот
Следна статијаДали корисниците сакаат исечок на екранот – LG праша, па се премисли
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.