William Hook on Unsplash

Целта на производителите, иако технологијата моментално тоа целосно не го овозможува, е да телефоните веќе немаат рамка околу екранот. Оваа замисла ја имаме гледано по филмовите и изгледа одлично или барем ќе изгледа кога технологијата доволно ќе напредне.

Во меѓувреме, тука се одличните уреди од Samsung, кои оставаат минимална рамка на горниот и долниот дел, но истата ја нема на страните поради подвитканоста на екранот.

Тука се и уредите како Essential Phone кој за првпат претстави смартфон без никаква рамка, освен мал исечок на горниот дел, којшто мора да биде оставен поради поставување на сензорите и камерата.

Меѓутоа, овој дизајн стил не почна да добива на популарност, како и да биде копиран од повеќе производители, додека Apple не го воведе во нивниот iPhone X. Според најавите Apple не ни планира да се откаже од овој стил, па сите нивни модели оваа година ќе дојдат со исечок на горната страна.

Очигледно доста сметаат дека ова е интересен и убав стил, па го вклучуваат во нивните модели, од евтини, па до поскапи. Можевме да видиме како и LG својот нареден модел, односно G7, го има направено во овој стил, со таа разлика што корисниците софтверски ќе може да го „тргнат“ исечокот.

Мене лично овој стил не ми се допаѓа баш. Можеби ако имам шанса да користам ваков уред би можел да се навикнам и да ги видам неговите предности, но сега за сега повеќе ми се допаѓа изборот на Samsung и нивните модели.

LG реши да види што мислат корисниците на оваа тема, па отвори тема на Reddit, а по некој ден од непознати причини ја избриша. Најверојатно не им се допаднале некои или доста од коментарите.

Инаку, мене лично мнозинството од коментарите ми се допаднаа. Тие во главно беа против ставањето на исечоци, но има и доста такви кои сметаат дека исечокот е одлична идеја.

Што мислите вие?

ИЗВОРTechnoBuffalo
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаНовата генерација на iPhone X ќе има пониска цена поради воведување на нови модели
Следна статија“Embrace the Speed of change” – Претставени новите портфолија на Lenovo и Lexmark во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments