TechRadar

Изминатите година до две може слободно да се каже дека главното внимание на пазарот на смартфони го имаат Samsung и Apple, а тука може да ги приклучиме и кинеските производители Huawei и Xiaomi. LG веќе одреден период не може да се пофали со посебно популарен модел, иако нивната G серија се покажа одлично и беше прифатена од корисниците.

Оваа година LG планира да се обиде да се врати како посериозен фактор на пазарот, а тоа ќе го направи со новиот G7 кој се очекува да биде претставен оваа пролет. Информациите веќе неколку пати говорат дека главната одлика на овој модел ќе биде исечокот на горниот дел од екранот, нешто што стана популарно од претставувањето на iPhone X.

Исечокот овозможува да уредот скоро и да нема рамка околу екранот, но сепак мора некаде да се сместат сензорите и камерата, барем додека технологијата не ни овозможи ново решение.

Дополнителни информации говорат дека LG планира нешто поразличен пристап кон исечокот од Apple, како и неколкуте Android телефони претставени оваа година. Истиот ќе може да се „тргне“ преку прилагодувањата на уредот.

Тргањето во основа ќе биде направено софтверски со ограничување на горниот дел од екранот и додавање на црна позадина. На овој дел веќе стојат иконите за известувања и информации од оперативниот систем, меѓутоа со вклучувањето на црната позадина, на тој дел веќе нема да се прикажува и останатата содржина која во моментот е на екранот.

Инаку, LG G7 се очекува да биде уред со најновите компоненти вградени во него. Ќе вклучува екран со големина од 6 инчи и резолуција од 3120×1440 пиксели, Snapdragon 845 чипсет, 6 GB RAM меморија, како и 128 GB меморија за складирање на податоците.

Останува да видиме колку корисниците ќе се одлучат за новиот модел на LG кога истиот ќе биде претставен, а јас лично сметам дека исечоците треба да биде оставени на страна додека не се дојде до подобро решение.

ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаЕлон Маск: Интерпланетарни патувања можни уште следната година?
Следна статијаCTS Labs: 13 критични сигурносни пропусти пронајдени во процесорите од AMD
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.