Samsung-Galaxy-S7-vs-Nexus-6P-1-840x561

Последниве неколку години драматично се намали бројката на класичните компјутерски вируси, што е многу нормално – ги користиме се помалку. Затоа, на сметка на тоа, хакерите почнаа се повеќе и повеќе да ги напаѓаат паметните телефони, а особено оние со Android оперативен систем.

Тоа е така бидејќи многу од Android уредите скоро никогаш немаат добиено надградба на понова верзија, многу често не добиваат ниту закрпи на некои дупки во оперативниот систем, а оние кои добиваат надградби, ги добиваат многу касно, односно неколку месеци до година од лансирањето на новата верзија.

Според препорака од Гал Бениамини, кој е експерт од областа на безбедноста, најбезбедни Android уреди се оние на Google, односно Nexus уредите и телефоните на Samsung. За првите веќе го знаеме тоа – тие секогаш први ги добиваат надградбите на новите верзии на Android, а многу често добиваат и мали закрпи кои ги намалуваат можностите од напад.

Последниве неколку месеци и Samsung е особено ажурен во пуштањето закрпи кај многу од своите модели (75% S6-ки веќе ја имаат добиено), што ги прави нивните телефони побезбедни од конкуренцијата. Последна ваква закрпа е онаа од последниот напад во мај, која 57% од Android телефоните во светот сѐ уште ја немаат добиено.

Ова на многумина од Вас можеби се чини и неважно, бидејќи хакерите и немаат што да ви украдат, нели? Погрешно – нивната главна цел се банкарските сметки, кои многу од корисниците ги имаат внесено во својот паметен телефон и од кои потоа може да ви бидат испразнети сите пари…

Извор: Android Authority, Duo, Phone Arena

Фото: Android Authority

Претходна статијаНаучниците можеби случајно ја открија темната материја
Следна статијаОва е новиот Samsung Galaxy Note 7