extra_large-1464388952-606-could-dark-matter-actually-just-be-black-holes

Универзумот е прекрасен. Тој создал чуда како масивни објекти поставени во интересни конфигурации кои се малку веројатни сами по себе. Ете, на пример, Месечината се врти околу својата оска со иста брзина на револуција како што се врти околу Земјата, па затоа секогаш е со едната страна кон нас!

Од друга страна, Универзумот создал живот на Земјата, живот кој сега е на патот да создаде нов живот, поспособен од него. Зачудувачки нели? Затоа е интересно кога ќе прочитаме за нешто ново кое сме го пронашле во истиот. Такво нешто е т.н. „темна материја“.

Што е темна материја?

Темна материја е материја која се претпоставува дека го сочинува грото од материјата во Универзумот. Таа е „темна“, што значи дека не можеме да ја видиме и откриеме директно туку само преку нејзиниот гравитационен ефект, а беше предложена како теоретски концепт за објаснување на тоа како галаксиите остануваат релативно стабилни во својата форма.

Се претпоставува дека темната материја преку својата маса (и гравитација) ги држи галаксиите стабилни таму „горе“.

Темна материја или црни дупки?

Тоа што е интересно е што беше понудена ново објаснување во врска со темната материја. Во него таа беше заменета со црни дупки кои изгледа дека генерално се поклопуваат на моделот. Место да постои „темна материја“, можно е некои примордијални црни дупки уште од почетокот на Универзумот да настанале и да ја држат структурата на видливата вселена во денешната релативно стабилна форма.

Овие црни дупки би требало да бидат со околу 30 сончеви маси што е огромна маса, но не невозможна. Постои и уште една потенцијална врска меѓу гравитационите бранови кои неодамна беа откриени за прв пат и за кои пишувавме и темната материја.

Набљудувачката станица LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) претходниот септември откри две огромни црни дупки кои се споија во една уште поголема, со 60 сончеви маси. Таквите црни дупки веројатно доаѓаат од првите моменти после Големата експлозија и се можна замена на теоријата за темна материја.

Дополнителни информации: IFLScience 1, IFLScience 2, LA Times, Telegraph

Претходна статијаNavion е уред за проширена реалност кој прикажува холограмска навигација на ветробранското стакло
Следна статијаNexus и Samsung се најбезбедните Android телефони од сајбер напади