Apple iPhone од првата генерација, неотпакуван во своето оригинално пакување, беше продаден на аукција за 35.414 долари.

Кога ќе се земе во предвид значењето на овој телефон за телефонската индустрија, како и фактот дека е некористен, цената и не треба да изненадува.

Според информациите и сликата на кутијата, се работи за првата серија од претставувањето на iPhone во 2007 година, а тоа се гледа од достапноста на 12 икони. Иконата за iTunes е додадена подоцна.

Ова е телефонот кој може да се каже дека претставуваше револуција на пазарот и целосно го промени начинот на којшто ги користиме телефоните денес. Иако во тоа време веќе постоеја телефони со екран на допир, тие во главно беа со лош квалитет и со кориснички интерфејс кој не е баш развиен како што треба.

Apple го започна трендот на телефони без копчиња, со капацитивен екран и апликации специјално развиени за користење на еден ваков уред.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаОдржливост преку издржливост: Samsung нуди 20-годишна гаранција за клучните компоненти на повеќето домашни апарати
Следна статијаApple Watch Series 8 Pro се очекува да има цена од 1000 долари и поголем екран со ширина од 47mm
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.