Фото: Shutterstock.com

На настанот кој Apple ќе го одржи на 7 септември, односно наредната среда, покрај претставувањето на iPhone 14 серијата, ќе бидат претставени и Watch Series 8 паметните часовници.

За оваа година се очекува дека Apple ќе претстави „Pro“ верзија од нивниот часовник, па можеме да го очекуваме претставувањето на Apple Watch Series 8 Pro.

Покрај овој модел и стандардниот Watch Series 8, се очекува претставување на нова верзија од поевтиниот Watch SE.

За Watch Series 8 Pro можевме да прочитаме повеќе гласини досега, па еве што е тоа што може да се очекува од овој часовник.

Поголем екран кој ќе биде поиздржлив во одредени ситуации, како и поиздржлив метал од кој ќе биде изработено телото. Watch 8 Pro исто така се најавува дека ќе има поголема батерија, па заедно со новиот режим за мала потрошувачка, се очекува дека овој часовник ќе може да издржи и до неколку денови без да се полни.

Сето ова е направено со цел да овој модел им се допадне на планинарите и останатите спортисти кои сега како избор го имаат одличниот Garmin за вакви активности.

Неколку пати се најавуваше дека Watch Series 8 Pro ќе има рамен екран, но подоцна беше истакнато дека тоа нема да биде случајот, па сега не е јасно дали треба да се очекува вакво нешто. Како и да е, се најавува дека овој модел ќе има поразличен дизајн, кој кај останатите модели не е променет веќе со години.

Цената се очекува дека ќе биде доста повисока од стандардниот модел кој обично се продава за околу 400 долари, па Watch Series 8 Pro наводно ќе се продава за 1000 долари.

Друга информација која овие неколку денови пред претставувањето се појавува е дека часовникот ќе има нешто поголеми димензии, па наместо 45mm, ќе има ширина на екранот од 47mm. Поради ова, може да испадне корисниците да мора да купуваат нови ременчиња, односно нема да може да ги користат тие кои веќе ги имаат.

Познатиот Марк Гурман тврди дека дополнителните ременчиња сепак ќе може да се користат, но останува да видиме дали тие ќе изгледаат доволно добро, а Apple сигурно за овој поскап модел ќе има и нови кои се доста поинтересни.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНеотпакуван iPhone од првата генерација продаден на аукција за 35.414 долари
Следна статија(Видео) Елон Маск и T-Mobile најавуваат поврзаност на телефоните во региони каде нема мобилна мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.