Фото: Shutterstock.com

Американскиот мобилен оператор T-Mobile и SpaceX најавија соработка која на корисниците ќе им овозможи константна поврзаност на мрежата, дури на местата каде што нема базни станици.

За разлика од нашата земја која е доста помала по површина и е скоро 100% покриена со мобилна мрежа, во САД ситуацијата е доста поразлична, па од T-Mobile истакнуваат дека скоро 1.3 милиони квадратни километри не се покриени од ниту една мобилна мрежа.

Овие делови ќе бидат покриени со делумна мрежа со помош на Starlink сателитите во кои ќе биде додадена потребната опрема и кои ќе почнат да бидат лансирани од идната година.

Ова посебно се промовира за спортистите кои не ретко се случува да им е потребна помош на некој доста оддалечен дел од најблиската цивилизација, за екипите за итна помош и слично.

Во продолжение можете да ја погледнете најавата од страна на директорот на T-Mobile и Елон Маск.

Претходна статијаApple Watch Series 8 Pro се очекува да има цена од 1000 долари и поголем екран со ширина од 47mm
Следна статијаНеофицијално видео го потврдува изгледот на iPhone 14 Pro и открива нова виолетова боја
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.