Останува уште точно една недела до настанот на Apple на кој ќе ја претстави новата iPhone 14 серија. На овој настан, покрај iPhone 14, се очекува да бидат претставени и Watch Series 8 часовниците, нови AirPods Pro, iPad, Mac Pro, па ќе видиме дали уште нешто додатно.

Со месеци веќе можевме да видиме неофицијални информации за што ново ќе донесе iPhone 14, а сега го имаме и првото неофицијално видео кое ги потврдува претходните информации.

Како и секогаш, колку и да се покажуваат како точни неофицијалните објави, сепак не треба да се сметаат 100% точни.

Од краткото видео, како и неколку објавени слики, може да се види изгледот на iPhone 14 Pro, заедно со замената на исечокот на екранот со дупка за камерата и дупка во форма на „апче“ за Face ID системот.

Дополнително, ова видеото се гледа нова боја која треба да биде достапна како избор, а тоа е виолетовата боја, која барем на видеото личи дека ќе ги менува нијансите зависно од аголот на гледање и светлината.

Тоа што дополнително се очекува од iPhone 14 Pro моделите е нова главна камера со 48 мегапиксели, а уште поважно, додавање на Always On функцијата на екранот, нешто што одамна се очекува и е доста популарно на Android.

Дел од информациите се сметаат за веќе сигурни, па тоа што нас не интересира од настанот идната недела е достапноста на Always On екранот, нешто што најмногу би направило да вреди надградбата на понов модел.

Основните модели, односно iPhone 14 и iPhone 14 Max, се очекува дека оваа година ќе бидат поразлични од Pro моделите, па наводно ќе продолжат да имаат исечок на екранот, ќе го користат ланскиот чип и нема да ги имаат новите камери, иако се очекува некакво подобрување на селфи камерата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статија(Видео) Елон Маск и T-Mobile најавуваат поврзаност на телефоните во региони каде нема мобилна мрежа
Следна статијаВо Калифорнија ќе се поставуваат соларни панели врз канали за наводнување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.