Turlock Irrigation District (TID), во соработка со University of California Merced, државата Калифорнија и Solar AquaGrid компанијата, планираат да постават соларни панели, како еден вид на настрешници врз канали кои се полни со вода за наводнување.

Целта на овој пилот проект е да докаже дека поставувањето на панелите врз каналите, може да има одредени предности, па истото да се направи на сите канали во државата.

Проектот, кој треба да биде завршен до 2024 година, вклучува поставување на соларни панели на 2,5 километри од каналите кои во државата Калифорнија се во должина од 6500 километри. Ширината на каналите е различна, односно варира од 6 метри, па се до 30 метри, што значи дека и панелите ќе бидат со различна големина.

Предностите кои се обидуваат да ги докажат вклучуваат пониска температура на панелите во споредба со нивно поставување на обична земја.

Исто така, покривањето на каналите треба да придонесе до помало испарување на водата, со што ќе се заштеди огромна количина на вода, а се очекува и намалување на трошоците за одржување на каналите поради помало растење на вегетација на нив.

Иако должината на каналите делува како голема, сепак поставување на панели на сите нив, би претставувале само една шестина од моменталната сончева енергија во државата. Ова значи дека поставување на панели врз канали, не може да се очекува да го реши проблемот со енергија, но секако може да се види предноста кога ќе се земат во предвид сите фактори.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНеофицијално видео го потврдува изгледот на iPhone 14 Pro и открива нова виолетова боја
Следна статијаРСБСП: Безбедно дете за безбедна учебна година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.