WinFuture.de

Повеќе пати досега можевме да прочитаме за тоа дека од Samsung планираат да пуштат Lite верзија од Galaxy Note10, некарактеристично за серијата која до минатата година имаше само еден уред.

Сликите кои можат да се видат се слични со тие кои се најавуваат за Galaxy S11, па се поставуваше и прашањето од кој уред се достапните слики, односно дали навистина се во право, како што најчесто се, тие што ги објавуваат тие слики.

Како и да е, со оглед на бројот на досегашни објави и нивните објавувачи, јасно е дека од Samsung ќе претстават уреди со ваков изглед, па сега имаме и претстава што може да очекува од компанијата.

Тоа што може да се види од сликите кои ги објавуваат од WinFuture е дека Samsung дефинитивно се има одлучено да камерите на задната страна ги постави во квадратен, односно правоаголен модул кој се истакнува и го привлекува вниманието на уредот. Овој вид на поставеност стана популарен со iPhone 11 и Pixel 4 од Google, па некои дури и го критикуваа.

На предната страна може да се забележи дупката за камерата која уште е тука, односно од Samsung уште се немаат решено за поставување на камерата под екранот или некое друго решение.

На сликите е присутно и S Pen пенкалцето кое е стандардно за Note серијата и по кое истата е позната. Според дополнителни информации, ова S Pen треба да дојде со понова верзија од Bluetooth кој ќе овозможи подобро препознавање на гестикулациите од страна на уредот.

Доколку се земат во предвид овие слики, кои се доста слични со сликите за Galaxy S11, можеме да заклучиме дека Samsung на почетокот од идната година своите уреди ќе ги претстави со ваков дизајн.

Тие што се надеваа дека веќе нема да се гледа предната камера, ќе мора да почекаат уште некое време, а треба да се истакне и дополнителното намалување на рамките околу екранот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2WinFuture
Претходна статијаМакедонски Телеком ја овозможува VoLTE технологијата
Следна статијаНајавено официјалното пуштање на The Matrix 4 за мај 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.