Shutterstock.com

Најавата при крајот на летото дека се спрема четврто продолжение на познатиот The Matrix филм беше дочекана позитивно, но и со повеќе прашања кои ќе дадат одговор на тоа што може да се очекува од филмот.

The Matrix е еден од најпопуларните филмови, а со третиот дел заврши и приказната, додека главните ликови не ја преживеаја војната со машините, барем така изгледаше.

Во најавата за новиот дел главните улоги повторно ги имаат Кијану Ривс и Кери-Ен Мос, па се поставува прашањето во кое време и како ќе се одвива приказната на четвртиот продолжеток.

Голем дел од фановите „се плашат“ дека продолжението нема ни приближно да биде добро како оригиналните филмови, а знаеме дека во последно време правењето на „римејкови“ стана многу често, па ризикот од уште еден таков филм останува.

Каков ќе биде филмот ќе дознаеме сепак нешто подоцна идната година кога можеме да ги очекуваме и првите „тизери“ и трејлери. Филмот ќе биде пуштен во кината од 21 мај 2021 година, односно за околу година и половина од сега.

Интересно, на истата дата е најавено и четвртото продолжение на John Wick во кој главната улога ја има исто така Кијану Ривс, па како што на шега истакнуваат од Engadget, ова е одлично за тие кои не им е доста од овој глумец.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНеофицијални слики го покажуваат Samsung Galaxy Note10 Lite
Следна статија„Trash for Art“ 2019: Најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад добија награди од Пакомак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.