Македонски Телеком воведува нова технологија за обезбедување говорни услуги во мобилната телефонија – VoLTE (Voice over LTE). Оваа технологија на корисниците им овозможува подобар квалитет на звук при воспоставување на повиците, побрзо воспоставување повик и истовремено користење на говорните услуги и пренос на податоци во најсовремената 4G мрежа.

Придобивки за корисниците од VoLTE технологијата

  1. Подобар квалитет на звукот/говорот

Една од главните придобивки од VoLTE е одличниот квалитет на звукот. VoLTE овозможува пренос на поширок спектар звуци и ефективно ја намалува позадинската бучава. Како резултат на тоа, квалитетот на звукот е подобар во споредба со другите технологии, дури и во споредба со технологијата HD Voice, којашто се применува во моментов.

  • Поврзување на повиците со молскавична брзина

Со VoLTE, повиканиот телефон започнува да ѕвони по само две секунди, што е повеќекратно побрзо во споредба со вообичаените повици.

  • Истовремено користење на говорни и податочни услуги во брзата 4G мрежа

VoLTE технологијата не ја ограничува брзината на конекцијата на податоци за време на повик. Корисникот може да разговара и да користи податочни услуги, при што брзината на мобилниот интернет не се намалува.

Имплементација на VoLTE технологијата

Основен предуслов на користење на VoLTE е телефонски уред којшто ја поддржува оваа технологија. Затоа, имплементацијата на VoLTE технологијата Македонски Телеком ќе ја реализира етапно, во соработка со Samsung. Први пристап до VoLTE ќе имаат корисниците на Samsung S9 и на Samsung S9 плус уредите, а потоа технологијата интензивно ќе се прошири и за останатите модели на телефони.

Со имплементацијата на VoLTE не се менува начинот на тарифирање на говорните повици.

Повеќе информации на линкот.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.