lumia-550-leak

Низ интернетот протекоа фотографии од евтиниот Windows 10 телефон, кој ќе ги придружува знаменосците Lumia 950 и 950 XL на Microsoft настанот кој треба да се одржи на 6-ti oктомври.

Lumia 550 е директен наследник на еден од најпродаваните Windows Phone телефони, Lumia 535, кој и покрај проблемите со екранот на допир е прилично успешен на пазарите во развој. Новиот модел ќе има неколку подобрувања, како нов Snapdragon 210 процесор и нова Adreno 304 графика, помогнати од 1 GB рам меморија и 8 GB простор за складирање податоци. Секако, ќе има и простор за micro SD картичка, а корисникот најверојатно ќе може да ја менува и батеријата.

Телефонот ќе биде опремен со 4,7 инчен дисплеј со одлична HD резолуција (1280х720 пиксели), кој е особено добар за класата во која се наоѓа телефонот. Однадвор, Lumia 550 ќе изгледа скоро подеднакво на другите телефони во гамата, со понуда на четири бои за надворешноста. Камерите ќе имаат 5 мегапиксели назад и 2 мегапиксели напред, што е во рамките на класата.

Цената на Lumia 550 не треба да биде повисока од 120 долари, што го става пред многу етаблирани конкуренти, како Moto E, но и пред многу кинески телефони со Android оперативен систем. Во превод, Windows 10 најверојатно и натаму ќе биде одличен избор за оние со поплиток џеб, бидејќи работи мазно и брзо независно од хардверот.

Извор: Engadget, GSMArena

Претходна статијаSkype повторно функционира без проблеми
Следна статијаБританија ќе тестира специјални ленти кои ќе ги полнат електричните автомобили