По вчерашните проблеми кој што ги забележаа повеќето корисници, од Skype известуваат дека проблемот е откриен и отклонет. Според информациите денеска сите корисници повторно можат да го користат сервисот без проблеми.
Инаку, проблемот кој што се појави ги оневозможи повиците преку сервисот. Тоа беше предизвикано поради неможноста да се промени статусот, односно прикажување дека Skype се обидува да се конектира цело време. Соодветно сите корисниците на листата се прикажуваа како офлајн, иако комуникацијата преку обични пораки беше возможна.
Проблемот не го засегаше новиот Skype for Web, како и Skype for Business.