LG-K-Series-110

Во рамките на CES 2016, LG ќе ја претстави својата нова серија на паметни телефони од средната класа, односно K серија. За почеток од класата ќе бидат претставени два модели, LG K7 и К10 за кои што се најавува дека ќе доаѓаат со доста карактеристики од највисоката класа од компанијата.

Телефоните како и повеќето од оваа класа се наменети пред се за помладите корисници. Тие ќе доаѓаат со нов дизајн стил кој што ќе го користи компанијата, а ќе вклучува заоблен заден дел со таканаречен сјаен камче дизајн.

Предната страна исто така ќе биде делумно заоблена со користење на 2.5D подвиткан екран, кој што веќе се користи во повеќе модели од другите производители. Овој вид на екран не треба да биде помешан со заоблените екрани како во Edge моделите од Samsung, односно тие доаѓаат со мало заоблување на краевите со што се добива естетски ефект.

Карактеристично за LG во последно време и новите К модели ќе доаѓаат со копчињата поставени на задната страна, со што се добива чист дизајн од страните, за што од LG истакнуваат дека со тоа се добива подобро корисничко искуство.

Што се однесува до карактеристиките, двата модели ќе доаѓаат со избор од 3G и LTE варијанти, а исто така ќе може да се бира и RAM и меморијата за складирање.

LG K7, како што покажува и помалата бројка, е послабиот од двата модели. Тој ќе доаѓа со 5 инчен FWVGA екран со резолуција од 854 x 480 пиксели, што со оглед на класата, не треба да изненадува нивниот мал број.

Двете варијанти, односно 3G и LTE, доаѓаат со четири јадрен процесор, кој што ќе работи на 1,3, односно 1,1 GHz соодветно. Камерата кај овој модел ќе биде 8 и 5 мегапиксели на задната страна и 5 мегапиксели на предната.

Меморијата која што ќе биде понудена вклучува 1,5, односно 1 GB, додека меморијата за складирање на податоци 16, односно 8 GB. Овој модел ќе доаѓа со 2.125mAh батерија.

Појакиот модел, односно К10 ќе доаѓа со 5,3 инчен HD екран. Ќе нуди избор од четири и осум јадрени процесори, како и 2, 1.5 и 1 GB RAM меморија и 16 и 8 GB меморија за складирање на податоци.

Зависно од варијантата, односно дали е 3G или LTE, корисниците ќе добијат 13 или 8 мегапикселна камера на задната страна, како и 8 и 5 мегапикселна камера на предната. Овој модел ќе доаѓа со 2,300mAh батерија.

Телефоните ќе бидат официјално прикажани деновиве на CES, кога ќе има и повеќе информации и видеа од нив.

Извор: LG

Претходна статијаLenovo претстави нов модуларен ThinkPad X1 таблет и X1 Yoga лаптоп со OLED дисплеј
Следна статијаWindows 10 активно се користи на повеќе од 200 милиони уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.