Lenovo-K5-Note

Кинескиот пазар последниве неколку години ја има честа да биде преполнет со одлични смартфони, по смешно ниски цени. Таков е и новиот Lenovo K5 Note, кој е всушност различна верзија од K4 Note кој беше претставен пред неполн месец, а кој е наменет за пазарот во Индија.

Навистина се уште не ни е јасно зошто Lenovo не ги нуди овие модели и кај нас – за 167 долари, колку што чини во Кина, овој телефон би бил вистински бестселер. Зошто? Бидејќи има 5,5 инчен Full HD дисплеј и метална изработка однадвор, како смартфоните од високите класи, како и прилично моќни компоненти.

gsmarena_001

Процесорот е на MediaTek, како скоро кај секој кинески уред, но тука е вграден моќниот 64 битен Helio P10 со осум јадра, од кои четири работат на 1,5 GHz, додека четири работат на 1,8 GHz. Особено е моќна и графиката – Mali-Т860 MP2 ќе може без сецкање да ги пушта сите игри од Android Play Store. K5 Note е инаку помогнат од 2 GB рам меморија, што е помалку од K4 Note (3 GB), но би требало да е сосема доволно за обичниот корисник.

Lenovo K5 Note има вградено 16 GB простор за складирање податоци со можност за проширување преку micro SD картичка, додека батеријата има солиден капацитет од 3500 mAh и би требала без проблем да издржи цел ден користење, а со вградениот полнач е овозможено и брзо полнење.

gsmarena_002

Предната камера има 13 мегапиксели, додека задната има 8 мегапиксели, што значи и дека фотографот во Вас ќе биде задоволен. K5 Note може да се пофали и со читач за отпечатоци на прстите во задниот дел – како кај телефоните од високите класи, додека во предниот дел има моќен звучник со Dolby Atmos технологија.

K5 Note ќе доаѓа со вграден Android Lollipop 5.1 и ќе се нуди и во dual SIM варијанта.

gsmarena_003

Извор: Android Authority, GSMArena, NDTV

Претходна статијаJupiter IO 4 е Android смартфон со вградена електронска цигара!
Следна статијаIntel лансира нови супер моќни Xeon и Skylake Core i7 чипови за лаптопите