iPhone 8 треба да биде првиот смартфон на Apple после подолго време, кој конечно ќе донесе нешто различно, нешто револуционерно. Тука пред се’ се мисли на OLED дисплејот со Edge страници и без рамка, кој интересно ќе го произведува Samsung.

Имено, Apple веќе има нарачано 70 милиони дисплеи од Samsung Display, кои скоро сигурно ќе бидат користени во новиот iPhone 8. Всушност, Apple и нема некој друг уред со помал екран кој би можел да користи таков дисплеј.

Од друга страна. порачката на екрани е помала отколку што претходно се очекуваше. Имено, според претходните информации, Apple требало да порача околу 160 милиони такви екрани, но најверојатно финалната договорена бројка е 95 милиони.

iPhone 8 со OLED дисплеј ќе биде инаку посебен модел во понудата. Информациите велат дека тој ќе се вика Edition и дека ќе биде прилично скап – сигурно над 1.000 евра. Останатите два модели – обичниот и Plus моделот, најверојатно ќе имаат стандарден дизајн кој нема претерано многу да се разликува од тој на актуелните модели.

iPhone 8 Edition треба да донесе и неколку други новитети, кои веќе се достапни кај Android конкуренцијата, како безжично полнење, скенер за ирисот на окото, читач за отпечатоци вграден во самиот дисплеј итн. iPhone 8 Edition треба да биде претставен во септември оваа година.

Извор: The Next Web, BGR

Претходна статијаСкопје травел маркет 2017: Најдобрата дестинација за да се види светот
Следна статијаTwitter лансира „олеснета“ верзија за мобилни телефони