Screenshot-2016-06-06-at-13.19

Денес, разликите меѓу двата iPhone 6S телефони се главно во големината и резолуцијата на дисплејот и во тоа што поголемиот модел има оптичка стабилизација на камерата, која помага при снимање видео и фотографирање во услови на помалку светлина. Според најнови информации, новиот Plus модел сепак најверојатно дополнително ќе се оддалечи од помалиот модел, но веројатно ќе има и уште повисока цена.

Првата поголема разлика ќе биде тоа што iPhone 7 Plus ќе ја добие двојната камера за која зборуваме веќе подолго време. Ова веќе не е новитет во светот на паметните телефони – конкуренцијата како LG G5 и Huawei P9 веќе има две камери назад, но тие имаат различни функции. Она што е интересно кај новиот 7 Plus е што камерите најверојатно ќе овозможат своевиден оптички зум, односно зумирање без да се загуби на квалитетот на фотографијата.

Screenshot-2016-06-06-at-13.19-

Втората разлика меѓу двата модели ќе биде во Lightning портата, која кај Plus моделот ќе биде многу помоќна, односно ќе работи како USB портите кај лаптопите и ќе може да напојува надворешни уреди. Ова е директно поврзано со iPhone 7 Pro моделот кој беше исто така најавен и може да се случи новиот Plus модел да се прекрсти во Pro. Какви надворешни компоненти ќе понуди Apple за овој модел се уште не е јасно, но можеме да очекуваме некаков тип на тастатура како кај таблетите iPad Pro или пак дигитално пенкалце.

Покрај овие поголеми разлики има и најави дека поголемиот модел ќе има повеќе рам меморија од обичниот iPhone 7, но се уште нема најава за зголемување на резолуцијата на дисплејот, што би било добредојдено, бидејќи конкуренцијата одамна ја скокна Full HD бариерата и Sony дури и лансираше дисплеј со Ultra HD резолуција.

Screenshot-2016-06-06-at--13.19

На крај, скоро е сигурно дека новите iPhone-и нема да имаат излез за слушалки од 3,5 mm – тие отсега ќе се приклучуваат преку Lightning портата. За оние кои веќе имаат слушалки со 3,5 mm излез, кхм, сите од нас, не очајувајте – Apple сигурно нема да има проблем да ви наплати 10-тина долари за специјален адаптер.

Концепт на iHelpBR за iOS 10 замислува и можност за користење на две апликации една до друга, што е слично на она што го имаат Galaxy моделите на Samsung веќе неколку години, како и темна тема која потсетува на онаа од Windows Phone. И двете функции се високо на листата на корисниците на iPhone.

ios-10-concept-05 copy

Извор: Forbes, 9 to 5 Mac (1) (2)

Претходна статијаНови „металеќи“ ќе донесат квантен скок во квалитетот на фотографијата
Следна статијаИнтервју со Филип Тасевски – Fitz – Еден од основачите на македонското креативно студио BTS Art Factory