13407654_10208828223970115_135939546_n

BTS Art Factory е креативно студио кое нуди професионални услуги од областите на веб и графички дизајн, веб развој, брендирање, маркетинг на социјални медиуми, професионално фотографирање и продукција на видео. Фокусот на ова студио ги интегрира и двата пристапа на маркетирање, модерниот-онлајн и традиционалниот. Па така, освен припремањето на целосниот професионален визуелен идентитен – онлајн на еден бренд или компанија, призвод или услуга, BTS Art Factory професионално го презема и делот кога се вршат дизајни и подготовки на разни промотивни маркетинг материјали (брошури, ролапи, флаери, бизнис картички итн …)

Во ова интервју ќе разговараме со Филип Тасевски – Fitz, еден од основачите и арт директор во BTS Art Factory.

  1. Накратко, кој е Филип Тасевски – Fitz?

Веќе 11 години активно се занимавам со графички дизајн, веб развој и видео продукција, а во последно време сè повеќе и повеќе ги менаџирам и надгледувам процесите во BTS Art Factory. Искрено, една од причините поради која сè уште останав во Македонија е токму можноста која ја нуди работата – да се работи online и за интернационален пазар.

Filip Tasevski - Fitz 1

  1.  Како дојде до идејата за креирање на БТС Арт Фактори, односно креирање на успешен интернационален тим кој работи веќе 3 години на македонскиот пазар, но и надвор?

BTS Art Factory е основана во мај, 2013 година од страна на Plasticart Creative Studio – мојот тогашен фриленсерски тим (каде работевме заедно со Борјан Сандревски, еден од моите сегашни партнери), во партнерство со Ненад Макеларски и Demuth Business Partner (Austria). Сосема случајно, се сретнавме со луѓето едно утро и веќе за недела дена имавме основано фирма заедно ? Имавме прилично краток период за размислување. Можноста за партнерство со интернационални специјалисти за бизнис развој (business development) – беше „take it or leave it“ шанса. Доста интересно е што се запознавме сосема случајно преку Златна Книга, а еве веќе 3 години заедно  функционираме одлично.

  1. Кои проекти би ги издвоиле како најзначајни за BTS Art Factory и по што BTS Art Factory се издвојува на МК пазарот во однос на останатите стартапи?

Успешни проекти имаме генерално во сите услуги кои ги нудиме. Можам отворено да кажам дека core-от е веб дизајн и развој (поради кој сме можеби најпрепознатливи), потоа графички дизајн и маркетинг на социјални медиуми, професионалната фотографија и видео продукцијата.

Дел од нашите референци за македонскиот и интернационалниот пазар

референци: професионална фотографија

референци: видео продукција

За жал, чевларот секогаш оди искинат, па така и ние подолго време не сме успеале да ги замениме референците на вебот, но ветуваме дека ќе го направиме тоа наскоро! :)

13401231_10208827284226622_119340063_n

  1. Кои се следните планови на BTS Art Factory?

BTS Art Factory ја гледам во иднината високо позиционирана рамо до рамо со квалитетните Европски агенции. Во нашиот фокус останува интернационалниот пазар. Во однос на бројката на тимот, повеќе би сакал да имам и да работам со ултра квалитетен тим од 10 до 15 луѓе, отколку голема бројка на медиокритетски ‘креативци’. :)

  1. Што би им препорачале на новите стартапи, на каква стратегија да се насочат?

Би препорачал да внимаваат да бидат секогаш добро организирани и структурирани, да не ги погазуваат временските рокови и да бидат прецизни, секогаш да даваат сè од себе и да испорачуваат висок квалитет, да ги прават нивните клиенти среќни… и да не забораваат да се забавуваат, секако :)  Скромноста е исто така доста важна. Сè друго ќе си дојде по патот… кој е секогаш трнлив! :)

Претходна статијаiPhone 7 Plus ќе биде многу подобар модел од обичниот iPhone 7?
Следна статијаApple ја купи Vocal IQ, попаметната братучетка на Siri
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.