Step_4_3045093b

Дали сметате дека батерија која ви дава енергија цела недела за вашиот телефон е научна фантастика? Оваа фантазија само што се оствари бидејќи компанијата Intelligent Energy ја создаде својата водородна батерија за iPhone која го постигнува токму тоа.

Батеријата е толку тенка што може да се пикне во самиот телефон без да се вади оригиналната батерија, а дава енергија доволна за цела недела. По овој период таа треба да се наполни. Прототипот кој е достапен има изменет влез за слушалки кој е преработен во цевка за надополнување со водород. Идејата е секако стара веројатно повеќе од еден век – водородот се спојува со кислород. Реакцијата ослободува H2O (вода), топлинска енергија и електрична енергија која се користи за уредите.

Step-7_3045124b

Ваквиот процес не загадува воопшто, а делува позитивно бидејќи создава чиста вода која може да се искористи за други потреби. Сепак, ваквиот тип на батерии досега не беа достапни бидејќи технологијата уште не беше развиена до тоа ниво да бидат практични за користење. Инаку, компанијата Intelligent Energy демонстрираше и MacBook Air со водородна батерија, како и полнач за iPhone.

Сепак, досега не беше демонстрирана батерија која може да се „пикне“ внатре во телефонот и да работи во паралела со оригиналната батерија. Изгледа дека Intelligent Energy го имаат Apple како партнер во овој проект, но двете компании одбија да коментираат на нивната поврзаност и соработка.

Инаку, водородот е елемент кој е најзастапен во космосот. За жал, на Земјата не е баш лесно да се дојде до него, а и неговото чување е специфично бидејќи е екстремно запаллив. Тоа се главните пречки кои седат зад неговото нераширување на пазарот за енергија колку што би требал да биде, бидејќи начините за негова употреба се навистина големи, а енергијата која ја ослободува е доволна за употреба на секакви проекти.

Извор: Telegraph, Macrumors

Претходна статијаOppo R5s е подобрена верзија на еден од најтенките телефони во светот
Следна статијаMicrosoft работи на тастатура со посебен e-ink екран на допир