Huawei P9 Lite White (3)

Кинеските компании изминатите неколку години станаа сериозен играч на пазарот на паметни телефони. Неколку компании се светски познати, а дел од нив се наоѓаат на топ листите на најголеми производители во целиот свет.

Со оглед на големината на нивниот пазар, односно Кина, продажбите направени таму значително влијаат и на успехот на компаниите на светскиот пазар.

Аналитичката компанија IDC излезе со топ листа на најголемите играчи на кинескиот пазар за втората четвртина од оваа година и статистиките покажуваат интересна промена.

Познатиот и одличен Xiaomi веќе не го држи првото место и има забележано поголем пад на продажбите во споредба со минатата година. Првото место го презема Huawei, додека Xiaomi паѓа дури на четвртото место.

Huawei првото место го држи со продажба на 19,1 милиони уреди што претставува раст од 15,2% во однос на истиот период минатата година.

Xiaomi има продадено 10,5 милиони уреди, што претставува пад од 38,4% во споредба со истиот период минатата година. Компанијата не се сложува со овие бројки и има излезено со бројките од други аналитички компании, но и според нив Huawei го задржува првото место.

Второто и третото место го држат OPPО и Vivo со продадени 18, односно 14,7 милиони уреди.

Единствен производител кој не е од Кина, а го има на оваа листа е Apple кои се наоѓаат на петтото место со продадени 8,6 милиони уреди, пад од 31,7% во однос на минатата година.

 

Извор: IDC, TechCrunch, Bloomberg

Претходна статијаЦрникаво – општествено ангажирана приказна која добро ќе ве насмее
Следна статијаНови Nokia уреди може да се очекуваат до крајот на годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.