nokia-001
Фото: GSMArena

Microsoft го продаде остатокот од Nokia бизнисот, освен Lumia делот, на подружница на познатата Foxconn, како и новоформираната од поранешни вработени во Nokia и Microsoft компанија HMD Global Oy. По ова беше најавено дека овие компании ќе претстават нови Nokia модели, кои се разбира ќе работат на Android, нешто што одамна се препорачува за овој бренд.

Овие компании ги имаат добиено правата на брендот, па HMD Global ќе биде задолжена за дизајнот на уредите, додека Foxconn за нивното производство.

Едно нешто што остана при објавата на овие информации беше најавата кога може да ги очекуваме првите уреди под стариот бренд на Nokia, нешто што огромен број на корисници го очекуваат со нетрпение, а пазарот дефинитивно нема да остане ист.

Според еден од директорите на новите компании, Мајк Ванг, 3 до 4 уреди под брендот на Nokia ќе бидат претставени до крајот на оваа година. Тие ќе вклучуваат мобилни телефони, но и таблет компјутери.

Според информациите, иако претставувањето треба да се случи до крајот на годината, достапноста на уредите сепак ќе биде оставено за почетокот на идната година.

Што се однесува до карактеристиките на овие уреди, ќе треба да почекаме до нивното најавување. Сепак, со оглед и на фактот што се најавуваат повеќе уреди, може да очекуваме дека ќе има уред од високата, но и некои од пониската класа.

Дефинитивно ќе биде интересно да се види какви ќе бидат уредите кои ќе го носат овој познат бренд. Дали ќе ги задоволат очекувањата на корисниците и како тие ќе ги прифатат. Дали е можно дури загрозување на позицијата на останатите производители, моментално предводени од Samsung.

Извор: GSMArena, TechnoBuffalo, Android Authority

Претходна статијаIDC: Huawei го презема првото место на кинескиот пазар
Следна статијаНова компанија разви батерија со двојно поголем капацитет и ќе биде достапна уште од годинава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.