Shutterstock.com

По одложувањето на почетокот на продажбата, Mate X почна да се продава во Кина минатиот месец, а веќе имаме најави за претставување и на втората генерација од овој телефон со екран кој се превиткува.

Според информациите кои беа достапни и досега, овој модел ќе биде надградба на првиот, односно не целосно нов уред со нов дизајн и нови можности.

Потврдата дека од компанијата планираат претставување на ваков уред доаѓа и директно од директорот за потрошувачки производи на Huawei, Ричард Ју. Тој во разговор за порталот Frandroid открива неколку детали поврзани со наследникот на Mate X.

Според него, новиот Mate X ќе дојде со подобрен систем за преклопување, односно со подобрена шарка, која е клучна за подолгорочното работење на уредот.

Покрај тоа, уредот ќе добие и поцврст екран, нешто што е проблем кај овие уреди поради тоа што не може да се користи класично стакло, односно Gorilla Glass. Поголемата цврстина, а посебно кај Mate X кој екранот секогаш е отворен спрема надвор, е нешто што сигурно ќе биде добредојдено за корисниците.

На крај, Mate X од идната година ќе дојде со побрз процесор, односно се најавува користење на Kirin 990, нешто што реално можеше да се вклучи и во годинешниот Mate X, меѓутоа од компанијата сепак не се решија за таков чекор.

Во разговорот, било најавено и дека се планира пуштање во продажба во Европа на годинешниот Mate X, кој засега е достапен само во Кина, а исто така се најавуваат и подобрувања кај камерата, како и во перформансите кај P40.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook работи на развој на сопствен оперативен систем за нивните уреди
Следна статијаМал историјат на стриминг сервисите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.