DroidHolic

По одложувањето на продажбата, Huawei конечно се очекува да почне да го продава својот „свитлив“ Mate X од идниот месец, почнувајќи прво со кинескиот пазар. Додека се чека на тоа, како и достапноста во остатокот од светот за да се видат првите импресии, Huawei веќе го најави наследникот на овој уред.

Huawei Mate Xs ќе биде името на втората генерација од уредот од компанијата со екран кој се превиткува, а ќе биде достапен од март идната година.

Како што може да се види до некаде и од името на уредот, не се работи за драстично нов и променет уред, туку за делумна надградба во главно кај внатрешните компоненти.

Тоа значи дека дизајнот и изгледот на уредот ќе останат исти, односно концептот којшто го користи Huawei на еден екран кој се отвара нанадвор, ќе го користи и во втората генерација од уредот.

Разликата ќе може да се види во внатрешноста, поточно кај чипот, како и кај камерите. Иако се претпоставуваше дека Mate X ќе го користи поновиот Kirin 990, овој процесор сепак ќе остане за моделот од идната година.

Поточно, ќе се користи 5G верзијата од Kirin 990, која 5G модемот го има вградено директно во чипсетот, наместо посебно како што е случајот со сегашниот Kirin 980.

Покрај ова, Kirin 990 ќе има и повеќе и подобрени јадра за машинско учење, па заедно со графичкиот процесор, уредот ќе има повеќе вкупно јадра.

Од ова можеме да видиме дека иако бројот на уреди со екран кој се превиткува ќе се зголеми идната година, сепак 2021 мислам дека ќе биде годината кога овие уреди ќе станат повеќе масовно користени, со доволно средени проблеми и слично.  

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2DroidHolic
Претходна статијаSamsung ја исправи грешката во сензорот за отпечатоци кај Galaxy S10 и Note10
Следна статијаGoogle претстави 6 нови апликации како дел од Digital Wellbeing иницијативата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.