Shutterstock.com

Huawei и Samsung требаше да влезат во нов „натпревар“ оваа година со нивните најавени уреди со екрани кои се превиткуваат и со тоа да почне еден вид на револуција кај паметните телефони кои „горе-доле“ не се нешто значително променети од нивниот почеток.

Сепак, проблемите кои се појавија кај тест уредите кои ги даваше Samsung, предизвикаат одложување на продажбата, не само кај оваа компанија, туку и кај Huawei. Логиката кажува дека сепак технологијата има уште малку „пеглање“ додека е спремна за пуштање во масовна продажба, па од компанијата се одлучија да не избрзаат кога веќе нивниот конкурент уште не може да настапи на пазарот.

Според информациите, ова одложување изгледа ќе донесе да Mate X работи на понов процесор кога ќе биде пуштен во продажба. Наместо на ланскиот Kirin 980, Mate X изгледа ќе работи на Kirin 990 кој треба да биде претставен на IFA 2019 на почетокот од септември.

Овој нов чип, којшто е изработен во 7nm технологија, доаѓа и со поддршка за 5G, што за уред кој ќе биде претставен во втората половина од 2019, веќе е и потреба, а посебно за уред којшто сепак нема да застари за половина година.

Оваа информација уште не може да се смета за 100% сигурна, иако TechRadar ексклузивно ја пренесува од разговор со еден од директорите во Huawei, но со оглед на тоа што Mate X ќе биде во продажба најрано од септември, вградувањето на новиот чип кој ќе биде претставен, личи дека е веројатно.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаIntel ја прошири својата 10-та генерација на процесори со 8 нови Comet Lake процесори
Следна статијаSamsung го претстави 240Hz G-Sync компатибилниот заоблен CRG5 Монитор за игри во Европа на gamescom 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.