По претставувањето на првите процесори од 10-та генерација од Ice Lake серијата, Intel сега ја проширува оваа генерација со уште процесори од Comet Lake серијата. Претставени се 8 нови процесори од i3 до i7 моделите.

Она што е интересно со овие 8 нови процесори, а ќе внесе до некаде и малку забуна кај корисниците, е што за разлика од претходно претставените, овие не се изработени во 10nm технологија, туку во веќе „постарата“ 14nm технологија.

Тоа значи дека овие процесори нема да ги имаат некои од предностите кои доаѓаат со помал чип, помала потрошувачка, а исто така овие процесори нема да ја имаат и новата интегрирана графика за која Intel најавува дека ќе може да овозможи перформанси како некои од дедицираните графички картички.

Новите процесори исто така за првпат донесуваат 6 јадра во U верзијата, со што може да се очекуваат подобрени перформанси. Исто така, овие процесори доаѓаат со поддршка за LPDDR4 меморија, како и најновата верзија на безжично поврзување, Wi-Fi 6.

Процесорите ќе имаат можност за максимална фреквенција од 4,9 GHz, до 12MB кеш, како и 1,15 GHz за интегрираната графика.

Според најавите, овие процесори може да се очекуваат во нешто поевтини модели на лаптопи, за разлика од претходно најавените и изработени во 10nm технологија процесори. Сите детали околу овие процесори може да се најдат на страната на Intel преку овој линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаAndroid Q официјално е наречен Android 10, а оперативниот систем добива и ново лого
Следна статијаHuawei Mate X ќе работи на Kirin 990 кој треба да биде претставен на почетокот од идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.