Веб сајтовите за технологија, меѓу кои и нашиот, се секојдневно преплавени со вести за iPhone 8 и Galaxy Note 8. Ова е така бидејќи Apple и Samsung се најпопуларни производители на пазарот. Сепак, тоа почна да се менува – Huawei опасно прети на етаблираната конкуренција и ако може да му се верува на главниот на дивизијата за уреди за широка потрошувачка на Huawei, Ричард Ју, тие имаат нов силен конкурент во високата класа во Mate 10.

Тој во кратка изјава најави дека Mate 10 ќе биде смартфон со многу подолго траење на батеријата од својот претходник, “full screen”, односно дисплеј со многу мала рамка околу него (фотографијата погоре е само рендер, односно не е од вистинскиот уред), како и неговите главни конкуренти, уште побрзо полнење на батеријата, подобра фотографија и многу други можности кои ќе го направат конкурентен на Apple. Да, тој во најавата не го спомнува Samsung, но нека не ве залажува тоа – Huawei корејскиот конкурент го гледа како најголем противник на пазарот.

Изјавата на Ричард Ју не е случајна. Во време кога сме преплавени со вести за iPhone 8, дури и мало присуство на еден продукт на Huawei може многу да значи на пазарот.

Според најавите, ова ќе биде и прилично моќен смартфон, со дизајн со голем дисплеј и мала рамка во предниот дел, што е главниот адут на скоро сите етаблирани производители оваа сезона.

Очекувајте тој да биде претставен на почетокот на септември, во исто време како iPhone 8 и малку после промоцијата на Galaxy Note 8.

Извор: PhoneDog, NDTV, The Next Web

Претходна статијаApple ги згасна iPod Nano и iPod Shuffle
Следна статијаПознати спецификациите за Galaxy S8 Active – супер издржлив смартфон со мала рамка околу дисплејот