Како се доближуваме до датумот кога ќе биде лансиран новиот iPhone 8, не само што не стивнуваат нови информации, туку ги има се повеќе, секој ден. Сега, благодарение на нов “Firmware” за Apple HomePod паметниот звучник, протечен преку твит на дивелоперите Стивен Тротон Смит и Гилермо Рамбо, наводно потврден е дизајнот со многу мала рамка околу дисплејот.

Вакви информации лично ги земам со особено голема задршка, бидејќи истата скица може да е многу лесно фотошоп замисла од некој корисник на интернет мрежата, а апропо мал милион протечените рендери и фотографии. Покрај скицата, според дивелоперот на твитер, потврдено е дека еден од новите iPhone модели ќе може да се отклучува со лицето, што веќе го знаевме досега и реално не е некоја голема новост.

Она што исто така се очекуваше е нов “Biometric Kit”, кој ќе им овозможи на дивелоперите подобро искористување на различните можности за верификација на корисникот кај новиот iPhone 8, како на пример 3D препознавање на лицето или препознавање на отпечатокот на прстот, доколку е вграден во новиот модел.

Скицата пак „потврдува“ дека дизајнот ќе биде каков што очекуваме да биде – рамката околу дисплејот ќе биде многу мала, но во горниот дел ќе има засег во средината во кој ќе бидат вградени сите сензори и предната камера. Ова веќе го имаме видено на многу фотографии, иако тука има ситни измени во димензиите и дисплејот, кој според овие информации ќе биде 18:9.

iPhone 8 инаку најверојатно ќе биде претставен на почетокот на Септември, но поради проблеми со производството на OLED дисплеи, тој би можел да биде пуштен во продажба многу покасно – дури во Ноември, што е некарактеристично за Apple. Како и да е, сите овие информации може да испаднат и целосни погрешни и телефонот да биде достапен брзо после лансирањето.

Извор: Tech Crunch, Techno Buffalo, The Verge

Претходна статијаWhatsApp стигна до 1 милијарда дневни корисници
Следна статијаAMD ги претстави супер моќните Radeon RX Vega графички карти